Пенов од Охрид одлета за Пелистер

Тимот на Пелистер одлично го искористи колапсот на Охрид, успевајќи да доведе уште едно квалитетно засилување од таборот на распаднатиот клуб. По Адем Мекиќ, денеска нов потпис на договорот со Пелистерци стави и Игор Пенов, со што уште повеќе се засилува базата во таборот на битолскиот клуб.

Во ситуација кога на една недела пред почетокот на сезоната беа оставени на „улица“, голем дел од кошаркарите на Охрид експресно најдоа нови средини. Пенов на маса имаше уште неколку опции, но на крајот се реши да ја прифати понудата на Битолчани, каде сигурно ќе биде еден од лидерите на тимот.

Претходно Мекиќ исто така потпиша за Пелистер, Данило Мијатовиќ ја избра понудата на Работнички,  плејмејкерот Младеновиќ по многу размислување на крајот заврши во Куманово, додека Лефкоски потпиша едногодишен договор со Кожув.

Се вчитува...