Пеп: Натпреварот со Ливерпул ви е како американски избори

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава пред дерби натпреварот против Ливерпул во Премиер-лигата. Tој потенцира дека овој натпревар е многу важен, но нема да биде пресуден за освојувањето на титулата.

„Тоа е важен натпревар, но целата лига е како американските избори. Сите гласови мора да бидат преброени. Многу натпреавари има до крајот на сезоната, многу е рано да биде одлучен шампионот“, изјави Гвардиола. 

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул ќе се игра во недела.

Се вчитува...