Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, откри дека пронашол „крт“ во клубот кој им откривал на медиумите сè што се случувало во соблекувалната на шпанскиот клуб.
Федерико Валверде и Орелиен Чуамени имаа конфликт на тренинг, поради што Уругваецот заврши во болница со повреда на главата. Двајцата играчи беа казнети со 500.000 евра од клубот.
Кратко откако судирот меѓу Французинот и Уругваецот стана главна вест во сите медиуми, Флорентино Перез откри дека открил информатор од тренингот на Реал Мадрид.
Без да споменува имиња, Флорентино Перез изјави дека дотичниот ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона.
„Го пронајдовме лицето кое ги објави информациите за конфликтот Валверде-Чуамени. Тоа лице е луто затоа што го напушта клубот. Затоа информациите беа објавени“, рече Перез.
„За мене, истекувањето на информации е посериозно од самиот конфликт, бидејќи создава чувство дека зад тоа стои нешто повеќе“, рече Флорентино Перез.
Шпанските медиуми пишуваат дека веројатно станува збор за Дани Себаљос, кој на крајот на сезоната си заминува од клубот. Тој одамна не е во комбинација за настап, и покрај тоа што нема пролеми со повреди.
Претходно се шпекулираше дека „кртот“ е Винисиус Жуниор, но сега е јасно дека тоа е Себаљос, со оглед дека тој на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
