Перез го „уништи“ Мбапе: Веќе е заборавен, ништо не се случило

Јасно беше дека Килијан Мбапе беше на чекор до дресот на Реал Мадрид, но на крајот се одлучи да остане во ПСЖ. И покрај тоа што веќе имаше договор со „кралевите“ и се чекаше само потпис, на крајот францускиот напаѓач се одлучи да остане во Париз.

Реал вчера ја освои Лигата на шампионите со триумфот над Ливерпул, а по мечот претседателот Флорентино Перез  го начека моментот да го „дотолчи“ Мбапе.

„Реал секогаш ќе настојува да ги има најдобрите играчи во своите редови, но Мбапе е веќе заборавен, ништо не се случило. Таа тема е заборавена. Реал имаше одлична сезона. Мбапе не постои, постои само забава на Реал“, порача првиот човек на „кралевите“.

Перез коментираше и за Куртоа…

„Тој е најдобар на светот, затоа и го донесовме. Навива за Реал, а Анчелоти е во право кога кажува дека разликата меѓу Реал и другите ја прави тоа ако си навивач на Реал“, изјави Перез.

Се вчитува...