Перез потврди – Нема шанси Серхио Рамос да го напушти Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вети дека Серхио Рамос останува во клубот. Договорот на Рамос со „кралевите“ истекува на крајот на следната сезона, но по освојувањето на 34. титула во Ла Лига, Перез не сака да се откаже од капитенот.

„Рамос ќе биде во клубот цел живот. Ние сме мирни и сигурни во тоа. Тој како капитен е неверојатен. Многу од нашите успеси се благодарение на него“, изјави Перез. 

Во последните седум натпревари за Реал, Рамос постигна пет гола, вклучувајќи ги и клучните против Мајорка, Хетафе и против Атлетик Билбао.

Се вчитува...