Перез се смешка: Од елиминацијата на Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја добро ќе заработи Реал

Поразот на Барселона од Баерн Минхен и ремито на Атлетико Мадрид против Баер Левекузен вчера елиминираше уште два шпански тима во групната фаза од Лигата на Шампиони. По овој пат во вторникот тргна и Севилја, а единствен кој ќе ја брани честа на шпанскиот фудбал во елитното натпреварување останува Реал Мадрид.

Елиминацијата на Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја воедно е и добра вест за актуелниот шампион на Европа кој добро ќе заработи од лошата форма на конкурентите. Претходната сезона „кралевите“ мораа да го делат „макетинг пулот“ на УЕФА со останатите шпански тимови, а од можни 57 милиони евра заработија „само“ 11.2 милиони евра.

Оваа сезона ќе заработат 8.6 милиони евра повеќе во споредба со претходната сезона бидејќи вкупната сума нема да ја делат за нокаут-фазата. А, ако Реал Мадрид повторно успее да се пласира во финалето од натпреварувањето тој ќе изнесува 11.7 милиони евра повеќе од ланската сума. Тоа значи дека Реал Мадрид само од „маркинг пулот“ може да заработи 30 милиони евра.

Се вчитува...