Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез, денеска свика вонредна прес-конференција. Иако сите очекуваа дека ќе го објави името на новиот тренер на „кралевите“, сепак, тој кажа за новите избори во Реал.
Потоа одговораше на новинарски прашања, и кажа дека нема проблеми во тимот, и покрај тоа што во последните денови стигнуваа информации за тепачка меѓу Валверде и Чуамени, за „кртот“ Винисиус, за лошата атмосфера во соблекувалната.
Околу инцидентот меѓу Валверде и Чуамени, Перез кажа:
„Ова не е првпат играчи да стигнат до таа точка. Во текот на моите 26 години во клубот, играчите се тепаат секоја сезона. Но, ние не му придаваме никаква важност на тоа. За една сезона отпуштив тројца тренери. Тука притисокот е голем. Тие се караат секоја сезона, затоа што се „туркаат“ за да бидат подобри. Она што се случи меѓу Валверде и Чуамени е лошо, но уште полошо е тоа што има кртови во тимот. Тие се полоши и од медиумите. Мора да го пронајдеме лицето кое ја откри оваа вест“, рече Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
