Перез стави крај на големата љубов – Реал Мадрид се разделува од капитенот, Рамос не е во плановите на „кралевите“

Серхио Рамос го напушта Реал Мадрид, велат шпанските медиуми од извори блиски до клубот. По разговорите со Флорентино Перез, Рамос и дефинитивно одбил да го продолжи договорот.

Па, се поизвесно Реал Мадрид ќе остане без својот капитен.

„Не си во плановите на Реал за следната нова сезона“, му кажал Перез на Рамос, а искусниот дефанзивец наводно одговорил дека ја почитува таа одлука.

Инаку, капитенот на Реал има важечки договор до јуни годинава, што значи дека тој би бил слободен фудбалер, и не е тајна дека некои клубови веќе подолго време „флертуваат“ со Рамос. Особено заинтересирани се Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а потајно се надева и Манчестер Сити.

Со оглед на тоа што Рамос има 35 години, сигурно е дека може да игра добро на европско ниво уште две до три сезони. Шпанските медиуми го потенцираат ова бидејќи се појавија гласини дека МЛС исто така може да биде една од следните дестинации за Рамос.

Серхио Рамос одигра 469 натпревари за Реал Мадрид и постигна 72 погодоци. Кралскиот клуб со Рамос потпишаа договор за соработка во 2005 година, кога тој дојде од Севилја, а потоа ја започна својата богата кариера. Тој собра 180 настапи за репрезентацијата на Шпанија и постигна 23 гола.

 

 

Се вчитува...