Перишиќ е херојот на Интер, за три бода од Удине

Интер во крајно интересен натпревар од 19. коло ја продолжи својата победничка серија во италијанскиот шампионат славејќи на гостувањето против Удинезе со 1-2.

По трите едноподруго победи „нераѕурите“ сега стигнаа и до четвртиот триумф во низа благодарение на двата погодоци на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, од кои оној вториот во 87. минута за пресврт победа од 1-2.

Претходно, домашните први поведоа со погодокот на Јанкто во 17. минута од средбата…

Jakub Jankto Goal HD – Udinese 1-0… by sofiene-l

Интер успеа да израмни во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме со првиот гол на Перишиќ…

1-1 Ivan Perišić Goal – Mauro Super Icardi… by sofiene-l

А, хрватскиот фудбалер во 87. минута го постигна и вториот свој гол на мечот за голема победа на тимот од Милано.

Ivan Perišić Goal HD – Udinese 1-2… by LiveGoalsTV

По овој триумф Интер со 33 бода се проби на петтата позиција на табелата заедно со Милан кој има и два натпревари помалку. На четвртото место на табелата е Лацио со 34 бода.

Се вчитува...