Перишиќ се враќа назад во Италија?

Иван Перишиќ ова лето би можел да реализира нов трансфер откако голем интерес за негов ангажман покажа актуелниот шампион на Италија, Интер кој во својот поранешен фудбалер гледа како идеална замена за Тајон Бјукенан кој по повредата на тренингот на кандската репрезентација го очекува долга пауза.

Според информациите на италијанските медиуми ни самиот Перишиќ не би имал ништо против реализација на трансфер во Милано, трансфер кој би можел да биде и без обесштетување со оглед на тоа што 35-годишникот има договор со Хајдук само до крајот на месец август.

Перишиќ важи за легенда на Интер за кој настапуваше од 2015 до 2019 година настапувајќи на 254 натпревари со реализација од 55 голови и 49 асистенции.

Се вчитува...