Перо Антиќ, гостин на спектаклот на Олимпијакос

Првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ, ќе биде специјален гостин на денешниот спектакл во организација на Олимпијакос, во чест на легендарниот кошаркар на оваа екипа, Василис Спанулис.

Извонредниот плејмејкер веќе ја заврши играчката кариера и почна да го пече тренерскиот занет, но „црвено-белите“ од Атина не го забораваат огромниот придонес што Спанулис го даде во врвните резултати на овој клуб, бранејќи ги боите на Олимпијакос од 2010 до 021 година.

Затоа, денешниот пријателски меч со Милано ќе биде искористен за спектакуларно шоу во чест на Спанулис, на кое гостин ќе биде и Антиќ. Македонскиот кошаркар своевремено заедно со Спанулис стигна до две титули во Евролигата со тимот на Олимпијакос и со задоволство ја прифати понудата на поранешниот клуб да биде гостин на овој настан во чест на легендата на грчката кошарка.

Се вчитува...