Перо Антиќ купи дрес од Јамал за 2.500 евра, за хуманитарни цели (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, како учесник на спортската конференција на „Адрија спортс“, беше дел и од хуманитарна акција која не едно место собра голем број шампиони кои го покажаа својот шампионски менталитет на дело.

Антиќ, кој е и амбасадор на КК Игокеа, учествуваше во аукцијата за купување на потпишани дресови на светските шампиони, Ламине Јамал ​​и Дани Олмо. Македонската кошаркарска легенда го купи дресот на Јамал по цена од 2.500 евра.

Приходите од аукцијата беа донирани за лекување на петгодишниот Реља Бокан и двегодишната Софија Дујловиќ, мали а големи херои од Бања Лука, кои ги водат своите животни битки, и на кои им е неопходна секој вид на помош.

Дресот на Дани Олмо, пак, заврши кај Игор Додик, генерален менаџер на КК Игокеа, кој овој пат одлучи да учествува на аукцијата, а дресот го купи Вук Радивојевиќ, извршен директор на клубот, во име на КК Игокеа.

Се вчитува...