Перо Антиќ: Ова е советот на Жељко Обрадовиќ што никогаш нема да го заборавам

Перо Антиќ имаше успешна соработка со Жељко Обрадовиќ стигнувајќи до трофеј во Евролигата, а македонската кошаркарска легенда во разговор за српските медиуми обелодени и кој совет на трофејниот стручњак го слуша до ден денеска.

„Јас сум тој што сум, никогаш не би се менувал. Жељко Обрадовиќ еднаш ми кажа: Како ќе живееш, така и ќе умреш, тоа е одличен совет што никогаш нема да го заборавам. Секогаш се однесувам според она: Ако нешто ти штети, менувај го, ако не – прави го двојно повеќе, тоа е моето животно мото. Најголема желба како играч ми беше да заиграм во НБА, тоа ми се оствари“, изјави Антиќ во интервју за магазинот „Елевејт“.

Тој не крие и дека сака да уживаво приватниот живот откако ја заврши професионалната кариера.

„Сакам ресторани, кафеани, не сакам да одам во дискотеки. Сакам да седнам со одбрано друштво, да позборуваме, запееме, да се смееме… Имам омилена песна: „Да се опет родим“ од Синан Сакиќ, знам да скршам и чаша на неа“, открива Перо Антиќ.

Се вчитува...