„Перо Антиќ се грижеше за мене и ми помагаше, тој е број 1 соиграч“

Словенечкиот кошаркар Ален Омиќ во интервју за „Basketball Sphere“ се осврна на својата богата кариера. Тој говореше на повеќе теми, а посебно внимание привлече со коментарите за македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ.

Зборувајќи за периодот поминат во белградска Црвена Звезда, искусниот центар откри со кого имал најдобра соработка. Омиќ без двоумење истакна дека токму поранешниот македонски репрезентативец бил неговиот најдобар соиграч во тимот.

„Кога би можел да издвојам еден човек кој баш ми се допаѓаше тоа беше дефинитивно Перо Антиќ. Се грижеше за мене, ми даде многу, секогаш ми помагаше, така да за мене тој е број еден соиграч“, изјави Омиќ.

Се вчитува...