Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ беше дел од ревијалниот спектакл на истакнати европски ѕвезди во рамките на Суперкупот на ВТБ-лигата кој се одржа во ВТБ Арената во Москва.
Дел од ревијалниот натпревар, покрај Антиќ, беа и претседателот на ВТБ Јунајтед лигата, Сергеј Кушченко, извршната директорка на ВТБ Јунајтед лигата, Илона Корстин, рускиот вицепремиер Александар Новак, елитниот менаџер Дмитриј Конов, шампионот на НБА, Тимофеј Мозгов, претседателот на Руската кошаркарска федерација, Андреј Кириленко, извршниот директор на Анадолу Ефес, Алпер Јилмаз, генералниот директор на Игокеа, Вук Радивојевиќ, како и поранешните играчи на Јунајтед лигата, Сергеј Моња и Сергеј Биков.
На крајот, тимот СВК го победи тимот Илона со резултат од 80-78.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
