Пет „граѓани“ во тимот на сезоната на Премиер-лигата

Манчестер сити очекувано доминира во тимот на сезоната во англиската Премиер-лига што денеска беше објавен во јавноста, а во која „граѓаните“ имаат пет од вкупно 11-те фудбалери во идеалната екипа на елитното англиско фудбалско друштво.

Давид Силва и Кевин де Бруин се предводници на средината од теренот, во одбраната се најде место за Отаменди и за Кајл Вокер, додека во нападот повторно се наоѓа Серхио Агуеро. Сосема очекувано, крај Агуеро во навалната линија се уште и Мохамед Салах и Хари Кејн, во средниот ред има уште еден играч на Тотенхем, Данецот Кристијан Ериксен, „спарси“ имаат претставник и во одбраната со Јан Вертонген, додека на голот уште една сезона по ред се наоѓа Давид де Хеа од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...