Пет причини зошто Алаба е вистинскиот избор за нов „крал“

Давид Алаба на лето ќе стане нов член на Реал Мадрид, откако ги договори сите улови со „кралскиот клуб“ за „слободен“ трансфер. 28-годишниот Австриец одигра повеќе од 400 натпревари за Баерн Минхен па искуство на девет кратниот освојувач на Бундеслигата и двократниот освојувач на Лигата на Шампионите ќе биде добредојдено на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа тоа не е единствената причина зошто Алаба е вистинскиот избор за тимот од Мадрид.

Шанса која не се пропушта… Реал Мадрид го доведе Алаба во своите редови беа обесштетување, а „Трансфер маркет“ го проценува на огромни 65 милиони евра. Тимот на Зидан на неговите примања ќе потроши 80 милиони евра до 2025 година, но тоа е само „ситница“ во однос на некои претходни трансфери.

Проблем со централен одбранбен играч и лев бек… Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува во јуни, а Шпанецот одбива да го продолжи според условите кои ги налага Перез. Рафаел Варан има договор до 2022 година и од него се очекува да го продолжи истиот, но поважен факт е дека Австриецот ќе биде „полн-погодок“ во однос на Едер Милитао кој не е на врвно ниво, додека Начо е само четврта опција. „Природната“ позиција на Алаба е лев бек, па во моментите кои Марсело е во непретпознатлива форма во однос на најдобрите години и кога Менди не може да одговори на предизвикот, Австриецот ќе биде прв избор за одбрана на овој дел од теренот.

Најдобри години… Со 28-години, Алаба пристигнува во Мадрид во најдобар можен период. Пред него се најмалку четири години на врвно ниво, а благодарение на богатото искуство знае да се носи со притисокот.

Не добива картони и не се повредува… За разлика од Серхио Рамос кој беше незаменлив, но често знаеше да го остави тимот на „цедило“, Алаба знае како да го исконтролира својот темперамент, а доброто читање на играта и неговата интелигенција го доведуваат „чекор понапред“ од противникот. Верувале или не, во последните десет години, Австриецот има добиено само 18 жолти картони, а кога сме кај повредите освен операцијата на коленото од сезоната 2014/15, 28-годишникот нема посериозен здравствен проблем.

Се вчитува...