МЗТ Скопје продолжува да го гради ростерот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Петар Бошалески.
Дваесет и двегодишниот бек-шутер, висок 197 сантиметри, денеска официјално стави потпис на договорот со актуелниот македонски кошаркарски првак.
Бошалески ги помина сите младински национални селекции, а летово ги запиша и првите два настапи за сениорската репрезентација на Македонија во првата фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Охриѓанецот своите први настапи во домашната Суперлига ги имаше во дресот на Работнички, по што се пресели во Пелистер. Минатата сезона ја мина како член на Тиквеш, каде што на 27 натпревари имаше просек од 12,4 поени, 5,6 скока и две асистенции по натпревар.
Добрите настапи му донесоа повик во сениорската репрезентација, а сега Бошалески ќе има можност да се развива и да се натпреварува на повисоко ниво во дресот на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
