Александар Петковски одигра одлично во првото полувреме од натпреварот со Луксембург, младото десно крило реализираше пет погодоци без ниту едно промашување максимално оправдувајќи ја довербата на селекторот Кире Лазаров.
Тој не го криеше задоволството од убедливата победа што ќе им овозможи на македонските ракометари полни со самодоверба да се подготвуваат за новиот предизвик, гостувањето против Грција в недела.
„Среќен сум што одигравме според договореното и што ги исполнивме задачите што ни ги зададе селекторот. Сега имаме време на мир да се подготвиме за натпреварот што нè очекува во Грција, кој, секако, ќе биде поинаков од денешниот. Станува збор за многу добра репрезентација, што го покажа и на претходните квалификациски натпревари. Наше е да одиграме максимално, на високо ниво, да ги исполниме задачите и да се обидеме да стигнеме до победа“, изјави Петковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
