Словачката алпска скијачка Петра Влхова која е олимписка шампионка во слалом од Пекинг, нема да се врати на натпреварите во Светскиот куп во декември, како што првично планираше.
Нејзиниот тренер Мауро Пини откри дека таа сè уште чувствува непријатност по операцијата и сè уште не може да стави целосна тежина на ногата. Дваесет и девет годишната Влхова се повреди на 20. јануари на домашниот велеслалом во Јасна. Во февруари ги оперираше предните вкрстени лигаменти и менискусот, а половина година подоцна за време на рехабилитацијата се појавил проблем со болна ‘рскавица на коленото.
„Не оди се според очекувањата и не е баш најсреќниот период за Петра. Очекувам до крајот на декември попрецизно да знаеме кога ќе успее целосно да се опорави и повторно да се врати на скиите“, изјави Пини.
Влхова победи на 31 трка од Светскиот куп, од кои 28 во слалом. Во сезоната 2020/21 таа го освои големиот кристален глобус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА