Петра Влхова победи на велеслаломот во Земеринг

Словачката скијачка Петра Влхова е победничка на велеслаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп во Земеринг. Таа беше чертвопалсирана по воведното возење по кое водечка беше американката Микела Шифрин. Благодарение на одличната втора трка, Влхова додје до првиот велескаломски триумф во кариерата, а до петтата победа вкупно. Шифрин на крајот заврши петтата позиција, додека место на подиумот имаше за второпласираната Германка Викотрија Ребенсбург и за Французинката Теса Ворли на третото место.

Федерика Брињоне која во Земеринг заврши на шестата позиција е водечка во пласманот за велеслаом со само пет бода повеќе од Ворли. Шифрин и натаму е доминантна во генералниот поредок со повеќе од двојно бодови пред најблиската конкурентка, второпласираната Ворли.

Скијачките утре во Земеринг ќе се натпреваруваат во слалом.

Се вчитува...