Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе биде домаќин на Македонија во првото коло од новата сезона во Лига Ц од Лигата на нации.
Бугарскиот селектор Јасен Петров упати повик до фановите, нагласувајќи дека на неговите играчи им е неопходна целосна поддршка, па ги повика да ги исполнат трибините до последно место во дуелот против Македонија.
„Имаме одлична комбинација од млади и искусни играчи. Посакувам полни трибини за дуелот со Македонија. Овие фудбалери го заслужуваат тоа. Очекувам навивачите да бидат тука за нас да нè подигнат во тешките моменти“, рече Петров.
Овој двобој е закажан во Разград на втори јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА