Петровска и Ѓуретановиќ ќе ја претставуваат Македонија во пливање на ЛОИ во Париз

Светската пливачка федерација со писмо до Националната пливачка федерација ги потврди пливачите кои ќе ја претставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Париз 2024 година.

Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ ќе бидат нашите претставници во пливање на игрите кои почнуваат на 26. јули. Ѓуретановиќ ќе настапи на 27 јули на трката на 400 метри слободно, додека Петровска својот настап на игрите ќе го има на Илинден, 02. август на трката на 800 метри слободно.

Се вчитува...