Петтиот велешки пливачки маратон на 15. септември

Петото издание на велешкиот пливачки маратон кој е во рамките на националната програма за далечинско пливање на Пливачката федерација на Македонија ќе се одржи на 15 септември.

Трката е дел од националниот куп во далечинско пливање. Пливачите ќе се натпреваруваат на 5 километри.  За помладите категории делницата ќе биде 2,5 километри.

Покрај официјалната трка на кој можат да учествуваат сите пливачи кои се дел од домашните клубови, ќе се одржи и рекреативно натпреварување за љубителите на пливањето.

Се вчитува...