Пијаниот Кирјос: „Енди ти си многу подобар од Ѓоковиќ, тој е кукавица…“

Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос синоќа имаше Инстаграм пренос во живо со Енди Мареј, разговарајќи на бројни теми за тенисот.

Но, и во поднапиена состојба Кирјос го одврза јазикот, повторно „пецнувајќи“ го Новак Ѓоковиќ со кого воопшто не се во добри односи.

„Енди ти си едноставно предобар. Ти си многу подобар од Ѓоковиќ. Сега луѓето ќе ми речат: ‘Ѓоковиќ освои се’, но тој игра граничари со мојот сервис, како кукавици го избегнуваше мојот сервис и не ни може да го врати, додека ти одиш на топче и се обидуваш да забиеш винер“ – му се обрати Кирјос на Мареј.

Но, скромниот Мареј му одговори дека резултатите, сепак, покажуваат нешто друго.

Се вчитува...