Пике и Бускетс повторно се согласиле на намалување на платите

Искусните фудбалери Жерар Пике и Серхио Бускетс, се согласиле повторно да им бидат намалени платите во Барселона, со цел тимот да може да ги регистрира новодојдените фудбалери.

Во средата раководството се сретнало со Пике и Бускетс, и двајцата играчи дадоа согласност да им бидат намалени платите. Минатото лето Пике се согласи на намалување, со цел да бидат регистрирани Депај и Гарсија.

Меѓутоа се шпекулира дека ниту тоа нема биде доволно, туку дека клубот ќе треба да се откаже од некои играчи. Така Мемфис Депај е во преговори да замине (Борусија Дортмунд е сериозен кандидат), за да може да бидат регистрирани играчите кои дојдоа како Левандовски, Рафиња, Кеси, Кристенсен…

Се вчитува...