Пике: Ибра е човек кој сака пари повеќе од било кој на светот

Златан Ибрахимовиќ помина една сезона во Барселона, и го напушти Ноу Камп поради несогласување со Пеп Гвардиола. Шведскиот репрезентативец има тажна сторија која ја потресе јавноста. Тој поминал исклучително тешко детство, израснал во сиромашен дел на Малме, како момче останал желен за многу работи и затоа не е изненадувачки што најмногу се грижел за обезбедување пари.

Жерард Пике откри дека Ибра е еден од најголемите симпатизери на пари. Тој раскажа детали од разговорот со Златан минатата година кога сега веќе искусниот стопер и другите присутни играчи останале без зборови.

“Ибра е човек кој сака пари повеќе од што било на светот. Тој еднаш ни рече дека парите не се најважната работа на светот. Ние колегите не рековме ништо, а потоа Златан заврши во свој стил – Да се ​​има многу пари е најважно”.

Само што Ибрахимовиќ ја оствари својата прва голема добивка по трансферот во Ајакс, купил скапо Ферари со цел да ја придобие неговата сегашна сопруга Хелена Сегер.

Исклучувајќи ги спонзорските договори, Ибрахимовиќ досега има заработено над 450 милиони евра само од плати. ПСЖ е клубот од кој инкасираше најголема плата, околу 50 милиони, во периодот од 2012 до 2016 година.

Се вчитува...