Две години суспензија би можел да добие легендарниот шпански фудбалер и поранешен член на Барселона, Џерард Пике. Некогашниот стопер, кој сега е во улога на сопственик на ФК Андора, му се заканувал на судијата по натпреварот со Албасете.
Во извештајот судијата запишал дека бил бркан по ходникот на стадионот и му се обратил со заканувачки зборови.
„Во друга земја би те тепал долго, но тука во Андора сме цивилизирана земја“, му рекол наводно Пике на арбитарот.
Сега останува шпанската федерација да ги собере сите потребни извештаи и да реши дали ќе го суспендира некогашниот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
