Пике неизвесен за дуелот со Лас Палмас

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, најверојатно ќе го пропушти утрешниот натпревар на каталонскиот тим во Примера. Барселона му гостува на Лас Палмас, со надеж дека ќе оствари триумф и до крајот ќе води неизвесна трка со Реал Мадрид за освојување на шампионската титула. „Кралевите“ имаат одиграно еден меч помалку и се во пол – позиција за освојување на пехарот.

Пике не тренираше изминатите два дена и неговиот настап е крајно неизвесен. Тренерот на Барселона, Луис Енрике, нема да може да смета и на Серхи Роберто поради жолти картони, а подолг период се повредени Алеиш Видал и Рафиња. Неизвесен е настапот и на Жереми Матие и на Лукас Диње во одбраната.

Се вчитува...