Пике се појави со точак на „Камп Ноу“: „Профучи“ со брзина од 70 километри на час (ВИДЕО)

Жерар Пике приреди вистинско изненадување вчера пред дуелот со Еспањол појавуваќи се на „Камп Ноу“ со велосипед. Додека останатите фудбалери на натпреварот се појавуваа вообичаено со своите скапоцени автомобили, Пике „профучи“ покрај новинарите на велосипед.

Но, се работи за велосипед вреден 10.000 долари од хрватски производител, кој овозможува со полна батерија возење и до 130 километри.

Интересно е дека велосипедот е на електричен мотор од 16 коњски сили и со него може да се достигне и брзина од 70 километри на час.

 

Како и да е, Пике доби и бројни критики затоа што го користел велосипедот без пропишана кацига, но и дека во подтрибинскиот простор на стадионот во Барселона се појавил без маска во време на пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...