Пиоли: Кога Ибра се повреди, ни требаше напаѓач

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли излезе пред новинарите веднаш по киксот на мечот со Каљари и го коментираше натпреварот на неговиот тим, како и шансите за пласман што остануваат во Лигата на шампионите следната сезона.

По синоќешното реми, Милан се наоѓа во тешка ситуација. Во пресрет на последното коло од Серија А, „росонерите“ имаат бод повеќе од петтиот Јувентус, а во последното коло ќе се соочат со второпласираната Аталанта. Јувентус, пак, гостува во Болоња и е голем фаворит.

“Нема смисла да зборуваме што можеше да биде и како требаше да одиграме. Мора да се фокусираме на следниот натпревар. Не бевме на нивото како на некои претходни натпревари. Немавме темпо, но немавме и квалитет. Ги победивме најважните натпревари против Јувентус, па дури и против Торино, а сега имаме уште еднен натпревар и тоа против незгодната Аталанта”, изјави Пиоли.

За сигурен пласман во Лигата на шампионите, Милан мора да ја победи Аталанта. Вреди да се напомене дека Аталанта ќе го има финалето на Купот на Италија во среда пред тој натпревар. Голем проблем за Милан е отсуството на Ибрахимовиќ, кој учествува на натпревари само како навивач од клупата, а според лекарите тој нема да биде на теренот шест недели.

“Треба да запомниме дека луѓето велеа дека зависиме само од Златан, а потоа по два добри натпревари тие почнаа да велат дека играме подобро без него. Ништо од тоа не е вистина. Ни требаше некој што е подготвен да игра како напаѓач кога Ибра се повреди, но Манџукиќ ретко беше достапен. Го заменив Бенасер со Меите за да ја подобрам динамиката во средниот ред. Манџукиќ не е ни близу 100%, па немаше шанси да играше повеќе отколку што играше, заклучи“, рече Пиоли.

Се вчитува...