Пионерите на МЗТ Скопје ја победија ЦСКА Москва!

Екипата на МЗТ Скопје за играчи до 13 години забележа фантастичен резултат на турнирот во Ботевград, Бугарија, откако триумфираше над рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва со резултат 65-62. Успехот е уште поголем ако се знае дека ЦСКА го почна мечот фуриозно и поведе со 7-23, но играчите на МЗТ со тренерот Митко Маринковски собраа сили за целосен пресврт и огромна победа.

Рубин Стефанов, син на македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов, беше главна фигура на овој натпревар со 28 постигнати поени, а во одлично издание се покажаа и Благоевски со 17 и Николовски со 10 поени.

Претходно, МЗТ Скопје во првото коло го совлада српскиот клуб Академија Актавис со 48-28, а во втората рунда загуби од домаќинот Балкан од Ботевград со 59-74.

Се вчитува...