Пирло: Не ме прашувајте за Роналдо, ајде да зборуваме за нешто друго…

Јувентус се мачеше за да го скрши отпорот на Парма, но на крајот стигна до победа од 3-1. Интересно е што гостите први дојдоа во водство и тоа со гол од слободен удар, при кој Кристијано Роналдо повторно се скри како што тоа беше случај на дуелот со Порто при елиминацијата од Лигата на Шампионите.

Тренерот Андреа Пирло по мечот воопшто не сакаше да дискутира на оваа тема, осврнувајќи се на настапот на Пауло Дибала.

„Кристијано и неговата позиција во ѕидот? Не ме прашувајте за Роналдо, ајде да зборуваме за нешто друго. Што се однесува до Дибала, јасно е дека беше долго време надвор од теренот, но што повеќе игра, толку побрзо ќе се врати во посакуваниот ритам. Во мечот влеговме под импресии по поразот од Аталанта, ни требаше време да заиграме како што знаеме и на крајот заслужено славевме“, изјави Пирло.

Се вчитува...