Кошаркарската јавност со нетрпение ја очекува конечната одлука на Леброн Џејмс, кој веќе најави дека по завршувањето на СП во фудбал ќе објави каде ќе игра следната сезона.
Мајами хит прави дрим-тим, веќе го доведе Јанис Адетокумбо,, а следен на листата е токму Леброн.
„Жешките“ се најдоа во фокусот на јавноста откако на официјалниот јутјуб канал најавија видео: Прес-конференција за промоција на Леброн Џејмс, закажано за 27 јули.
Објавата вирално се прошири во јавноста, видеото триесетина секунди подоцна исчезна од каналот, но бидејќи станува збор за официјално гласило на клубот, огромни се шансите ова да е најава за новиот мега-трансфер во Мајами.
Останува да почекаме – дали Леброн навистина се решил за враќање во Мајами, клуб каде настапуваше од 2010 до 2014 година и со кој освои две шампионски титули.
The Miami Heat YouTube channel just accidentally LEAKED the LeBron signing 😱😳🚨 pic.twitter.com/qqKjC5b70m
— Basketball Forever (@bballforever_) July 22, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
