Писмо за Ѓоковиќ од Манчестер: „Ноле, зошто им се извинуваш на глувците?“

Случајот со „Адрија тур“ организиран од страна на Новак Ѓоковиќ веќе со денови е топ-тема во светот на спортот. Најдобриот светски тенисер се најде на жесток удар од активни спортисти, новинари, политичари, сите главно од Западот, кои со силни критики се „нафрлија“ на Србинот.

Но, сите српски спортисти едногласно се ставија во заштита на Ѓоковиќ. Со писмо од Манчестер се огласи и фудбалерот на Јунајтед, Немања Матиќ.

„Гледам дека последните денови се води хајка на Новак Ѓоковиќ поради организацијата на турнирите, иако според законите и во Србија и во Хрватска се беше регуларно, и истиот беше организиран на високо ниво. Но, ете глувците најдоа момент да излезат од своите дупки и си дадоа за право да го критикуваат светскиот број еден во тенисот, но и во односот кон луѓето од светот. Но, јас не се грижам. Многу брзо мачката (читај: Ноле) ќе се врати на терен, а глувците повторно ќе се сокријат во своите дупки. Јас се надевам дека овие турнири кои ги организираше ќе станат традиционални во иднина. Единствено што му забележувам е што им се извинува на глувците кои без причина го напаѓаат. Не, Ноле. Ќе ти се извинуваат тие тебе – наскоро. Голем поздрав до сите луѓе од овој свет, од Манчестер“ – напиша Немања Матиќ.

Се вчитува...