„Пјаниќ е една од најголемите грешки во историјата на фудбалот“

Миралем Пјаниќ не ја живее својата фудбалска авантура како што замислуваше во Барселона. Со Роналд Куман тој е практично настрана и добива можност да игра најчесто во последните минути од натпреварите на каталонскиот тим.

Андре Кири, поранешниот шеф на Барселона за фудбал од Јужна Америка, го опиша донесувањето на Пјаниќ како една од најголемите грешки во историјата на фудбалот.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина пристигна на „Ноу Камп“ од Јувентус минатото лето, додека Артур Мело отиде во спротивна насока.

“Тоа е една од најголемите грешки што сум ја видел во светот на фудбалот. Апсурдно е. Вие менувате 23-годишник кој има плата од два милиони за 31-годишник кој мора да има плата од шест милиони“, изјави Кири за каталонски ‘Спорт’.

Потоа Андре се осврна кон Артур и се обиде да упати пофални зборови и да го одбрани фудбалерот.

“Нормално е дека Артур сè уште не можеше да покаже што знае, тој пристигна во клуб како Барселона и имаше повреди што му го попречуваа напредокот. Првата сезона беше малку збунет, по што се фокусираше”, изјави Кири.

Откако не доби минутажа на второто Ел Класико оваа сезона, Пјаниќ можеби треба да го преиспита неговиот можен престој на „Ноу Камп“, бидејќи додека Куман е на клупата, тешко дека ќе игра во континуитет.

Се вчитува...