Долги години наназад Милан има проблем да најде врвен голгетер како предводник на својата навална линија, но Кжиштоф Пјатек делува како решение за оваа главоболка на „росонерите“. Впрочем, новиот фудбалер од Џенова самиот го реши денешниот четвртфинален натпревар од Купот на Италија против Наполи, со два гола носејќи победа од 2-0 и пласман на Милан меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување.
Ова беше прв меч на Пјатек како стартер во дресот на „росонерите“, на кој полскиот голгетер импресионираше со две извонредни реализации, од кои особено атрактивна беше онаа втората, со која беше ставен печат на победата.
Наполи се обиде да се врати, имаше повеќе од играта и создаде неколку шанси, но Донарума беше на висина на задачата и не дозволи да биде совладан на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА