Пјонтек пак погоди, Донарума го одбрани Милан во Рим

Рома и Милан ремизираа 1-1 во дерби-натпревар од 22. коло во Калчо-лигата, резултат за кој најзаслужниот е гостинскиот голман Донарума, кој со неколку извонредни интервенции не дозволи славје на римскиот клуб.

Рома од самиот почеток на мечот тргна поофанзивно, но не успеваше да го најде патот до мрежата на Донарума. Милан неочекувано прв поведе, и тоа со голот на Пјонтек откако полскиот ас одлично се снајде по центаршутот на Пакета и ја смести топката во мрежата. Донарума потоа одбрани уште два зицери пред крајот на првото полувреме, но италијанскиот репрезентативец беше немќен во првата минута од вториот дел, откако најпрвин го одбрани првиот удар, но немаше можност да интервенира откако Заниоло одбиената топка ја смести во мрежата.

Домаќините се обидоа да направат целосен пресврт, создадоа уште неколку шанси, еднаш го погодија и дирекот, но на крајот овој дерби-дуел заврши со поделба на пленот. Милан со нерешениот резултат остана на четвртото место на табелата, со еден бод предност во однос на Рома.

Се вчитува...