ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛШ: Барди дебитираше за Трабзон со пораз, Ристовски и Адеми со негатива од Норвешка (ВИДЕО)

Со голот на Пелегрино во 37. минута, норвешки Бодо-Глимт се стекна со предност од првиот меч над Динамо Загреб, за кој цел натпревар го одиграа двајцата македонски интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Динамо одигра слабо во првиот дел, а најдобрата шанса ја имаше Петковиќ пред крајот на мечот кога излезе сам, но пласираше само крај голот. Реваншот е во Загреб идната недела.

Минимална негатива ќе „брка“ и Енис Барди, кој вечерва го имаше своето деби за екипата на Трабзонспор. Турскиот тим е поразен од Копенхаген со 2-1, и има активен резултат за реваншот. Копенхаген имаше водство од 2-0. Во првиот дел во 9. минута погоди Клаесон, а во 48. минута Лерагер зголеми на 2-0. Барди влезе во игра во 58. минута, а Бакасетас во 79. минута намали на 2-1.

Глазгов Ренџерс и ПСВ одиграа интересен и возбудлив меч кој заврши без победник 2-2. Најпрво водеа гостите, па домашните направија пресврт, но на крајот „реми“ и патникот ќе се решава во Ајндховен. Гостите од Ајндховен поведоа со голот на Сангаре во 37. минута. На 1:1 израмни Чолак само три минути подоцна. Лоренс со гол од слободен удар и голманска грешка донесе водство за Ренџерс во 70. минута, за Обиспо во 78. минута израмни и ги постави конечните 2-2.

Се вчитува...