Пливач од СП во Гвангжу приведен поради сексуален напад

Пливач учесник на Светското првенство во Гвангжу е приведен под сомнение за сексуален напад, објави корејската агенција „Јонхап“, цитирајќи ја локалната полиција. 22-годишниот спортист во три часот наутро е уапсен во алкохолизирана состојба откако млада жена пријавила сексуален напад.

Името на пливачот се уште не се соопштува во јавноста, но се работи за медалист од Олимписките Игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Тој е изведен пред истражен судија и ги отфрлил обвинувањата во присуство на негов сонародник и на адвокат. Пливачот најверојатно ќе добие забрана за влез во Кореја на одреден период.

 

Се вчитува...