ПЛИВАЊЕ – ЛОИ: Историја за британската штафета и Ледецки, Титмус е новата „пчивачка кралица“

Штафетата на Велика Британија на 4х200 метри слободно стигна до златниот медал на Летните олимписки игри во Токио со втор најдобар резултат на сите времиња и европски рекорд. Штафетата во систав Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот делницата ја помина за време од 6:58.58 минути што беше за само три стотинки послабо од светскиот рекорд на американската штафета од 2009 година.

Унгарецот Криштоф Милак стигна до златниот медал на 200 метри пеперутка уривајќи го олимпискиот рекорд на Мајкл Фелпс од игрите во Пекинг во 2008 година. Милак делницата ја преплива за време од 1:51.25 минута, што беше за 78 стотинки подобро од рекордот на легендарниот Американец. Среброто изненадувачки му припадна на Јапонецот, Томору Хонда, додека со бронза се закити Федерико Бурдисо од Италија. Среброто и припадна на Русија, додека со бронза се закитија Италијанците.

Австралијката Ариарне Титмус стигна до вториот златен медал на игрите во Токио, откако славеше на трката на 200 метри слободно. Титмус повторно ги урна големите ривалки препливувајќи ја делницата за време од 1.:53.50 што е нов олимписки рекорд. Второто место и припадна на Сјобан Бернадет Хои од Хонг Конг, додека како трета заврши Пени Олексијак од Канада. Кејтлин Ледецки мораше да се задоволи само со петтото место, додека легендарната Федерика Пелегрини за која беше ова рекордно петто финале на 200 слободно на ЛОИ заврши само како седма.

Кејтлин Ледецки ја оправда фаворитската улога на трката на 1500 метри и стана првата златна медалистка во оваа конкуренција на Летните олимписки игри. Најдолгата делница во Акватик центарот во Токио, Ледецки ја помина за 15:37.34. Сребрениот медал и припадна на втората Американка, Ерика Саливен, додека со бронза се закити Сара Келер од Германија.

По златото на 400 мешано, Јапонката Јуи Охаши го освои златниот медал и на двојно пократката делница. Таа до победа стигна со време од 2:08.52 и зад себе го остави американскиот двоец Алекс Волш и Кејт Даглас. Легендарната Катинка Хосу заврши само како седмопласирана.

Се вчитува...