ПЛИВАЊЕ – ЛОИ: Три олимписки рекорди, Американецот Дресел феноменален на 100 метри слободно

Три олимписки рекорди и извонредни настапи на американските и австралиските пливачи на денешниот ден од пливачките дисциплини на Летните олимписки игри во Токио.

Американскиот пливач Кејлеб Дресел освои злато на 100 метри слободно со време од 47.02 секунди, што е нов олимписки рекорд. Зад него завршија Кајл Чалмерс од Австралија и Климент Колешников од Русија.

Кинеската пливачка Јуфеј Жанг освои злато со нов олимписки рекорд на 200 метри пеперутка со време од 2:03.86 минути. Реган Смит беше втора, а Фликингер ја освои бронзата.

Ајзак Стаблети – Кук од Австралија го освои златниот медал на 200 метри градно. Холанѓанецот Арно Каминга беше главен фаворит за златото, но сепак замина кај Австралиецот кој трката ја заврши со време на нов олимписки рекорд – 2:06.38.

Американскиот пливач Роберт Финк, пак, го освои златото на 800 метри слободно. 21-годишниот Финк трката ја заврши со време од 7:41.87 минути, пред Италијанецот Пантринијери и Романчук.

Се вчитува...