ПЛМ: Три дуели од последното коло – најинтересните на „Кале“

Прволигашката програма продолжува денеска со три натпревари од последното, 22. коло во кои силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје 2 и Гостивар, ТФТ и Еуро Никел и Работнички и Академија ФМП.

Првиот натпревар кој ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“ е со почеток од 16 часот во кој „шткчињата“ ќе се обидат да направат сензација на домашно тло против фаворизираниот Гостивар. Избраниците на Боро Даскаловски играат фантастична сезона во кој успеаа да стигнат до пет тирумфи, но пред „сино-белите“ е борба за опстанок која нема да биде нималку лесна.

Победа за МЗТ Скопје 2 би значело и чекор понапред до остварување на целта и место во „елитата“ и следната сезона, но овој натпревар многу ќе значи и од самиот Гостивар. „Сино-белите“ од западот на Македонија по 18 одиграни натпревари имаат скор од десет победи и осум порази, па доколку сакаат да дојдат до предност од домашен терен во разигрувањето, ќе мораат да слават и на оваа средба.

Исклучитено интересни ќе бидат дуелите кои следат на „Кале“ каде од 16 часот ТФТ ќе го пречека Еуро Никел. Овие два тима одиграа одличен натпревар во првиот дел од сезоната, на кој гостите од Скопје заминаа со два бода, па „реванш“ ќе биде мотив повеќе за избраниците на Самарџиев.

Двата тима имаат учинок од по 12 победи, ТФТ има и два заостанати натпревари повеќе од кавадарчани па триумф на оваа средба ќе биде од големо значење за двата тима.

Последниот натпревар оваа сабота истотака ќе биде одигран на „Кале“ од 19 часот, каде домаќинската улога ќе ја има Работнички, кој ќе го угости составот на Академија ФМП. Двата тима влегуваат во овој натпревар со различен учинок во претходната средба, „црвено-белите“ забележаа убедлив триуф против Вардар, додека „пантерите“ беа прегазени во Аеродром.

Императивот е јасен, продолжување на победничката серија во пресрет на густиот распоред и враќање на победите пред натпреварите од плејофот. Првиот натпревар оваа сезона донесе големо возбудување во Кисела Вода каде избраниците на Петровиќ успеаја да го земат „скалпот“ на нашиот најтрофеен клуб, па се надеваме дека двата тима ќе ни приредат уште еден одличен спектакл.

Се вчитува...