ПМФЛ 24. КОЛО: Лидерот Шкупи по одмазда и победа во Струга

Лидерот Шкупи со 10 бодови предност влегува во финишот од домашниот шампионат, и ја стави едната рака на шампионскиот пехар. Тимот од Чаир денеска покрај зголемување на бодовната предност, денеска на гостувањето во Струга ќе има уште еден мотив. Избраниците на Гоце Седлоски ќе сакаат да се реваншираат на Струга Т.Л. за поразот на стартот од шампионатот кога домашниот тим славеше триумф со 4-2, и тоа беше еден од двата порази на чаирчани во првенството.

Меѓутоа како одминуваше шампионатот, Шкупи редеше победи и сега има солидна предност на табелата. Струга Трим Лум, пак, со 30 бодови заостанува дури 10 поени од четвртото место. Се чини не е загрозен за опстанокот, а веројатно сите сили ќе ги насочат кон Купот на Македонија, каде што се во полуфиналето.

Стружани се надеваат дека ќе ја сопрат добрата серија на Шкупи и дека ќе победат.

„Сигурно дека ќе биде тежок натпревар, очекуваме добар меч со една од екипите што е во одлична форма во нашето првенство. Изминативе денови ги анализиравме нивните силни страни и се надеваме дека успешно ќе ги спречим,  и дека на крајот ќе излеземе како победници“, рече Бесмир Бојку, играчот на Струга Т.Л.

Од таборот на Шкупи велат дека се подготвени за три бода, и дека секој натпревар за нив е како финале.

„Во Струга ќе одиме на победа и за тоа не е тема на разговор. Работевме континуирано и максимално сме подготвени за победа. Неколку пати кажавме дека секој натпревар ќе биде финале. Струга има добар тим со добри играчи, но ние сме Шкупи и одиме во Струга на победа. Среќен сум што се враќам по некои повреди и се надевам дека ќе и помогнам на тимот во овие преостанати натпревари“ , изјави стоперот на чаирчани Фати Исмаили.

 

Се вчитува...