ПМФЛ: Дербито се игра во Тетово, „пандевци“ со Работнички, „лавовите“ со Струга

Тетовска Шкендија ќе го пречека новиот шампион Шкупи во дербито на претпоследното 32. коло во Првата македонска фудбалска лига. И додека чаирчани веќе ја слават титулата, тетовскиот клуб е пред тежок предизвик во борбата за едно од местата кои водат во Европа.

Шкендија има два бода пред четвртопласираната Македонија Ѓорче Петров, па тоа и како денеска и се потребни бодови. „Лавовите“ имаат домашен натпревар со секогаш тврдата Струга Трим и Лум, додека Академија Пандев со победа над Работнички денеска во Струмица ќе осигура излез во Европа следната сезона.

Во останатите мечеви во ПМФЛ се среќаваат: Брегалница – Тиквеш, Ренова – Скопје и Пелистер Борец. Натпреварите се со почеток во 17 часот.

ПРВА ЛИГА – 32. КОЛО (денеска, 17 ч.)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТиЛ

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

РЕНОВА – СКОПЈЕ

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

Се вчитува...