По освоената ЛЕ: Севиља го награди тренерот со нов договор

Раководството на Севиља му понуди нов договор на сегашниот тренер Хосе Луис Мендилибар само неколку дена по освоениот трофеј во Лигата на Европа, кога во финалето неговиот тим по изведувањето на пенали го победи тимот на Рома.

Претседателот на клубот, Пепе Кастро бил задоволен од работата на 62-годишниот стручњак, и сакал тој да остане во тимот и следната сезона.

Мендилибар дојде во Севлија од март кога го замени Сампаоли поради слаите резултати. Под неговот водство тимот успеа да бележи победи во Ла Лига, а потоа и да го освои трофејот во Лигата на Европа, на патот до финалето елиминирајќи ги „гигантите“ Манчестер Јунајтед и Јувентус, а потоа и во финалето Рома.

Се вчитува...