По патот на Елмас – Имери од Шкендија пред потпис со Фенербахче

Фенербахче имаше одлично искуство со Елиф Елмас како засилување од македонското првенство, па турскиот гигант сега подготвува нов трансфер од нашиот шампионат. Станува збор за Омар Имери, крилниот офанзивец на Шкендија кој во следните денови би можел и официјално да стане нов член на Фенербахче.

Имери важи за еден од најдобрите млади фудбалери во нашата лига, а преговорите се веќе во тек. Турските медиуми јавуваат дека првата понуда на Фенербахче изнесувала 150.000 евра, Шкендија барала двојно повеќе, но и двете страни се расположени за компромис и се очекува во наскоро време да биде најден заеднички јазик. Имери, кој е младински репрезентативец на Албанија, има само уште една година од актуелниот договор со тетовци, поради што раководството на Шкендија мора да го продаде летово, за да не ризикува тој догодина да си замине без никаква отштета.

Имам понуди и од други земји, но преселба во Турција е приоритет за мене. Секој би сакал да игра во Фенербахче, ќе ја разгледаме понудата и ќе се обидеме да ја донесеме вистинската одлука“, истакна Имери за турските медиуми.

Се вчитува...