По пет години чекање: „Кралевите“ со круната во Примера!

По пет години пауза Реал Мадрид конечно стигна до трофејот во Примера лигата. Шпанската круна овој пат е за „кралевите“ откако во последното коло славеа со 0-2 на гостувањето против Малага. Сето тоа сосема доволно за да се зачува предноста од три бода на врвот во однос на второпласираната Барселона.

За да не се остави ништо на случајноста се погрижи Кристијано Роналдо со погодокот уште во 2. минута од натпреварот за водство од 0-1.

Cristiano Ronaldo Goal HD – Malaga 0-1 Real… by FootballLiveeHD

Конечно, победата ја запечати Бензема со голот во 55. минута.

——0:2—- by OfficialGoals

Овој триумф на Реал Мадрид, значеше и залудна победа на Барселона која пред своите навивачи со пресврт победи против Еибар со 4-2.

All Goals & highlights HD Barcelona 4-2 Eibar… by lifefootball

Титулата „кралевите“ ја освоија со 93 бода, а Барселона заокружи на 90 бода сезонава, пред третопласираниот Атлетико Мадрид со 78 бода.

Се вчитува...