По пристигнувањето на Алегри, веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата Кристијано Роналдо!

Масимилијано Алегри и Кристијано Роналдо не се во добри односи. Штом Јувентус донесе старо-нов тренер, беше јасно дека Португалецот мора да бара друг клуб. Па, според последните најави се вели дека Роналдо го најде својот нов дом, а истиот е лоциран во Франција, Париз.

Според извештаите на медиумите од Апенините, неговиот агент Жорж Мендеш стапил во контакт со челниците на Париз Сен Жермен. Тие го гледаат Роналдо како идеална замена за М’Бапе, кој е мета на Реал Мадрид.

„Старата дама“ од Торино на тој начин би се ослободила од буџетот за астрономските 30 милиони евра што ги добива Роналдо годишно. Како дел од оваа зделка на релација меѓу ПСЖ и Јуве би бил и Мауро Икарди, кој со сигурност би се вклучил во трансферот на Португалската ѕвезда.

Се вчитува...