По шокантната вест за своето здравје, Хансен ја доби наградата за најдобар ракометар на светот

Данскиот ракометар Микел Хансен заболел од воспалена вена во комбинација со белодробна емболија, шокантна вест која претходно ја објави неговиот клуб ПСЖ.

Еден од најдобрите светски ракометари, кој долги години заслужено го носи епитетот, сега ќе паузира најмалку четири до шест месеци бидејќи болеста ќе се лекува со антикоагуланси кои се „неспоиви со контактни спортови на високо ниво“.

Неколку дена по објавата на ПСЖ за неговата болест, Данецот сега го доби признанието за најдобар ракометар на светот од страна на најсилниот ракометен портал во светот, „Хендбол Планет“. Данецот славеше пред Алеикс Гомез, Дајк Мем и Хампус Ван.

Микел Хансен на Инстаграм напиша дека се уште се чувствува малку шокиран со семејството и призна дека ќе му биде тешко да живее одреден период без ракомет.

Се вчитува...